Бизнис
12. September 2019 - 22:08

Раст на извозот од 14,6% и на увозот за 12% во првите 6 месеци од 2019

Раст на извозот од 14,6 % од јануари до јули во споредба со истиот период лани,објави државаната статистика.

Извезени се стоки вредни 3,7 милијарди евра, додека пак за истиот период увозот изнесува  4,8 милијарди евра, што е раст за 12 отсто. Трговскиот дефицит за 7 месеци надминал над 1,1 милијара  евра. Од земјава најмногу се извезуваат катализатори на носачи со благородни метали, сетови на проводници за палење на возила, авиони или бродови, како и делови за седишта, или производи  кои се произведуваат во зоните.

Речиси половина од вкупниот извоз, или над 1,8 милијарди евра завршува на германскиот пазар.. Најмногу се увезуваат  платина и легури од платина, нафтени масла и метали од платинска група и нивни легури, односно најмногу се увезува од Велика Бритија, за потребите на Џонсон Мети.  

Според обемот на размена, Македонија најмногу тргува, покрај Германија и  Британија, и со Грција, Србија и Италија .

Неодамна статистиката објави раст и на индустриското производство од 4,9% до јули годинава. Власта е задоволна и смета дека економијата се движи во вистинска насока.

Подобри бројки, власта очекува до крајот на годината, за кога прогнозираат   економијата до достигне раст од3,5%.