Loading Video...
Македонија
13. April 2020 - 14:25

Раст на цената на бензините, дизелот останува со иста цена

Поскапуваат бензините од полноќ. За половина денар се зголемува цената на Еуросупер 95 и 98, додека дизелот ќе се продава по стара цена. Растот на цената не се должи на постигнатиот договор на ОПЕК плус за намалување на дневното производство, за да се  влијае на пораст на цената на нафтените деривати. Како ваквата одлука ќе се одрази кај нас, ќе се знае наредните денови, кога ќе се согладаат сите аспекти, вели првиот човек на Регулаторната Комисија, Бисломовски. 

Инаку водечките производители и извозници на нафта, ОПЕК, Русија, САД и Мексико постигнаа договор–почнувајќи од први мај за 10%  да го намалат дневното производство за да се зголеми цената , која  изминатите месеци драстично паѓа поради намалената побарувачка  предизвикана од корона вирусот. 

Ниската цена на нафтата беше аргументот со кој Стопанската комора побара да се зголеми акцизата на нафтените деривати за 2 денари, за да се полни буџетот. Ваквата мерка е неприфатлива за останатите Комори.

Повисоката акциза  само ќе ги зголеми трошоците на фирмите и ќе го поскапи животот на граѓаните, сметаат и од ВМРО-ДМПНЕ.

Министерката за финансии вчера изјави дека цените на нафтените деривати поевтинија за 20 денари последните  месеци, така што зголемувањето на акцизата , за 2 или 3 денари, немало да се почувствува. Дали ќе го прифатат  предлогот на Стопанска комора, владата ќе одлучи  до крајот на неделава.