Бизнис
14. December 2015 - 20:05

Раст на БДП од 3,5 во третиот квартал

Раст на економијата од 3,5%  во третиот квартал, објави статистиката. Најголем пораст е забележан во градежнишвото, од речиси 30%, како и кај техничките, научни и стручни и услужни дејности  од околу 16%. Финалната потрошувачка кај домаќинстава, чие учество во структурата на БДП е најголемо и изнесува 64,4%, бележи номинален пораст од 3,4%.

Во периодот  јуни, јули, август статистика регистрира пораст и кај извозот од 3,3, додека увозот номинално се зголемил од речиси 3 отсто.

- Странските инвестиции претставуваат голема категорија преку која се зголемува БДП. Самото зголемување на БДП, пак, значи зголемување на вработеноста или пад на нејзината негативна манифестација, односно невработеноста, изјави Љупчо Давчев, Економски факултет Штип.

Минатата година економијата заврши со раст од 3,5%.  Со истото темпо се  задржа и во првото тромесечје, во втортото, поради политичката криза заблежеа благ пад и  изнесуваше 3,2 отсто, за третиот повторно да бележи пораст. Според проекциите на Владата до крајот на годината  економијата ќе заврши со раст од 3,5%, додека Народната банка очекува  ревидираната стапка на раст да изнесува 3,2%.