Раст на БДП од 3,1 отсто во вториот квартaл
Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2019 година е зголемен за 3,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Најголем пораст е забележан во секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,5 ото; земјоделство, шумарство и рибарство од 3,9 и атручни, научни и технички дејности; дминистративни и помошни услужни дејности од 3,6 процент.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава, номинално пораснала за 4,6 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 69 проценти.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10,2, а увозот за 10,5 отсто.
Ново на Сител
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење