Распуштен хрватскиот Сабор, изборите ќе бидат на крајот од јуни или почетокот на јули
Хрватскиот Сабор денеска донесе одлука за самораспуштање, а претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ треба да го одреди датумот за одржување на парламентарните избори.
Од вкупно 151 пратеник „за“ распуштање на Саборот гласаа 105, осум беа „против“ и четворица „воздржани“.
Се очекува Милановиќ во следните неколку дена да одлучи за датумот за избори, што мора да се одржат во рок од 30 до 60 дена од распуштање на Парламентот. Можни датуми се 21 и 28 јуни или 5 и 12 јули.
Додека пратениците дебатираа за распуштање пред Саборот имаше протест на граѓани и партии кои воглавно дејствуваат во Собранието на град Загреб поради тоа што пред распуштањето не е донесен закон за обнова на Загреб по мартовскиот силен земјотрес.
Тие носеа транспаренти против власта и градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ. На еден од транспарентите пишуваше „Загреб ова никогаш нема да ви го заборави“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица