Македонија
11. September 2016 - 19:32

Распукани фасади, урнати кровови, оџаци и згмечени автомобили по најсилниот удар од 5.3 степени според Рихтер

Силниот земјотрес кој се случи попланднево ги преплаши скопјани и речиси сите избегаа во околните паркови и на улиците. Децата плачеа и беа избезумени. Земјотресот кој беше со јачина од 5, 3 степени по Рихтер направи и сериозни оштетувања.

Паднаа покриви на куќи, се урнаа оџаци врз автомобили, а некои од зградите напукнаа.

На овој човек оџакот од 6 кат на зградата му се урнал врз автомобилот.

Хаос и паника имаше и во градските трговски центри.  По потресот целосно се уиспразнил Скопје Сити мол, луѓето седеа пред трговскиот и не сакаа да се врат назад, за да го заврша започнат шопинг.

Добивме информација дека во молот имало паднати полици, скршени стакла и сијалици, но обезбедувањето не ни дозволи да влеземе внатре. Луѓето што ги затекнавме таму беа видно вознемирени не сакаа да зборуваат пред камера, но затоа зад камерите ни ја раскажаа целата приказна. За време на земјторесот внатре се случила вистинска драма. Среќа што нема настрадани при паниченото трчање кон влезовите коментираат луѓето.

Се упативме кон зградите што се наоѓаат спроти трговскиот. Сликата речиси индетична. Голем дел од станарите беа испоседнати на околните клупи.

Го запознавме дедо Бане. Неговиот Стан е видно оштетен. Во разговор со него дознавме дека порано работел како сеизмолог и ни објасни дека при вакви случаи најмногу страда првиот кат.

Освен станот на дедо Бане и други станови беа оштетни како последица на земјотресот, а забележливо беше и оштеттувањето на дел од влезовите.

Се упативме кон населбата Аеродром, и таму луѓето беа надвор пред своите згради. Беа видно возмирени и бараа место каде да ја преспијат ноќта па звонеа кај свои роднини и пријатели.

Поминавме и во Црниче каде бевме да видиме оштетување на една од новите згради. Оштетувањата беа видливи и на надворешната и во внатрешната страна на зградата.

Како се ближи ноќта голем дел од скопјани бараат алтернативни места за да преспијат на отворено, а многумина веќе го напуштија и градот