Расправата за разрешување на Зврлевски продолжува утре
Собранието на Република Македонија шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски ќе ја продолжи утре.
Претседателот на Собранието Талат Џафери првично продолжението на седницата го закажа за денеска, но во меѓувреме расправата е презакажана за утре во 11 часот.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека денеска во 19 часот Џафери ќе се обрати по повод одбележувањето на 16-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
На вчерашната седница пратеничката Владанка Авировиќ му предложи на претседателот на Собранието, како што рече, не во име на пратениците, туку во име на вработените во Парламентот денеска да не се одржува седница. Џафери првично не се согласи со предлогот на Авировиќ и закажа ново продолжение на седницата за денеска со образложение дека поради нивните бројни реплики тие се одговорни што Собранието треба да работи и во недела.
Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.
За пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ барањето на Владата е неосновано и неаргументирани. Тие се повикуваат на членот 8 а од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери несмеат да се случуваат кога се објавени избори.
На дневен ред на оваа седница се над 30 точки, меѓу кои и Годишниот извештај на Народниот правобранител за почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права, Информацијата за состојбата со дивата депонија во Струга, Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2017 година, Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2017 година, Предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор