Живот
29. January 2019 - 10:44

Расплакани, врзани за кревет лежат во урина: Фотографии од бебиња од загрепска полиција го шокирале регионот

По страшните фотографии од бебињата во загрепската болница, хрватското министерство за здравство денес соопштило дека ќе прати инспекција во болницата.
 
На социјалните мрежи се шират фотографии од близнаци стари пет месеци, како расплакани лежат во урина и врзани за кревет. 
 
Бебињата, како што рекла нивната мајка, моментално се наоѓаат во Клиниката за инфективни болести "Фран Михаљевиќ", пренесува "Index.hr".
 
Децата се викаат Фран и Филип, а нивната мајка Ана Трешчец рекла дека децата се родени три месеци пред терминот, а во болницата "Фран Михаљевиќ" се наоѓаат бидејќи добиле грип, па потоа и рота вирус.
 
Нивната мајка ги посетила во болницата денес, а таму видела ужасна глетка.
 
Кога сакала да поразговара со сестрата, таа, како што рекла мајката, била на кафе.