Македонија
19. July 2018 - 19:30

Распит на осомничените за свирепото убиство на Никола Саздовски

Двајцата осомничени повторно се бранеа со молчење пред јавниот обвинител за убиството на 21г Никола Саздовски. Во обвинителството откако делото беше преквалификувано од Насилство, осомничените беа повикани да  ја слушнат новата  наредба за истрагата за извршено дело „убиство на свиреп и подмолен начин“. Судија на претходна постапка  по наредба на обвинителство им го продолжи притворот. Третиот осомничен е се уште во бегство. Осомничените ќе го чекаат обвинителниот акт за да направат увид во доказите по што ќе се произнесат.  

Затвор од најмалку десет години или доживотен затвор им се заканува на тројцата осомничени за извршеното кривично дело. Никола Саздовски беше претепан до смрт на 29 јуни додека попладнето чекал автобус на постојка во Автокоманда. По десет дневната кома на Карил им подлегна на повредите. МВР за третиот осомничен рече дека имаат некакви сознанија но и по три недели тој се уште е во бегство.