Македонија
7. February 2020 - 12:53

Распишани меѓународни потерници по кондовците Красниќи и Рамадани

МВР денеска објави меѓународните потерници по двајцата бегалци од штипскиот затвор, Агим Красниќи и Сехат Рамадани, обајцата од Кондово.
 
Управата на штипскиот затвор ги известила СВР Штип и МВР дека двајцата не се вратиле во затворот по викенд-отсуство.
 
Двајцата се дел од кондовската група и се обвинети за неколку кривични дела – спречување избори и гласање (на парламентарните избори од 1 јуни 2008), злосторничко здружување и за недозволено држење огнено оружје.