Распишана меѓународна потерница по Јусуф Миракхмедов, поранешниот директор на Фени, поставен од Кунико рисорсис
Поранешниот директор на Фени Индустри, Јусуф Миракхмедов, се бара со меѓународна потерница во соработка со Интерпол. Миракхмедов за директор во Фени беше поставен од Кунико рисорсис (Cunico Resources) во период од 2015 до 2017 година.
Се бара по наредба КО бр.28/19 од ОЈО - ГОКК за истрага за сторени кривични дела „Перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 и “Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичен законик.
Во ноември 2017 година, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава за Миракхмедов, сомничејќи го за злоупотреба на службена должност и овластување. Тогаш во текот на истрагата Финансиската полиција утврдила дека Јусуф, тогашен директор незаконски отуѓувал резерви на фероникел и друга руда од фабриката. Во декември истата година, управата поднесе и втора кривична пријава против Миракхмедов поради основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.
Миракхмедов направил неоснован отпис на незастарени побарувања на Фени со што се сомничи дека ја оштетил фабриката за 51.505.526 американски долари.
Исто така, се дознава дека е покрената процедура за издавање меѓународна потерница и против Џереми Неадс, (Jeremy Neads) главен извршен директор на Кунико Рисорсис (Cunico Resources) и неизвршен Директор во Фени во периодот 2015-2017 година.
Од 2015 до 2017 година под водство на Јусуф Миракхмедов и членовите на Одборот на Директори, се исцрпувале сите резерви руда, репроматеријали и резервни делови а не се вложени ниту долар од заложените 66,5 милиони долари. Сите долгови што компанијата ги трупала во овој период со притисоци се префрлани за 2017 година. Претходниот сопственик Кунико ресурсис го остави Фени индустри со долгови од 67 милиони евра и повеќе од 250 кредитори чии побарувања останаа неплатени, а вработените со неисплатени плати и никаква иднина. Ова беше главната причина за Фени на 30 октомври 2017 година да биде отворена стечајна постапка.
Ново на Сител
-
Погребна фирма во САД проневерила државна помош - не ги погребувала и кремирала телата
-
Да ѝ помогнеме на Моника Бојковска да оздрави
-
Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала
-
Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик
-
Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“
-
Градоначалник на скопска општина доби кривична за прекршување на Законот за заштита на деца
-
Грејната сезона продолжува поради временските услови
-
Османи: За предметот „Пациент“ на СЈО немаше обвинение, мојот противкандидат нема идеи во оваа изборна кампања