-->
-->
Распишан конкурсот за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Општина Велес
-->
Општина Велес денеска го распиша конкурсот за доделување стипендии за талентирани ученици и студенти на Општина Велес.
Како што информира на денешната прес-конференција Бошко Караџов претседател на Комисијата, Советот на Општина Велес одлучи да додели осум стипендии за талентирани средношколци во висина од 1.500 денари за деветте месеци од учебната 2015/2016 и осум стипендии за талентирани студенти во висина од две илјади денари исто така за деветте месеци од оваа учебна година.
Караџов посочи дека е зголемена бодовната улога на материјално-економската состојба на семејството на ученикот/студентот.
- Оваа измена значи дека учениците и студентите кои доаѓаат од социјално ранливи семејства би имале поголема можност за добивање на оваа финансиска помош, потенцира Караџов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата