Живот
6. February 2017 - 12:37

Распарчени тела на патот - Возеа со 320 километри на час и ја снимија сопствената смрт

Возачот и неговиот сопатник се снимале во возилото со кое буквално летале со 320 километри на час, на автопат во Кина. Само неколку секунди подоцна тие удриле во друго возило и загинале на лице место.
 
На Јутјуб каналот беше објавено ова видео, а инцидентот се случил во кинеската провинција Анхуи на 28 јануари, пренесува Дејли Мејл.
 
На снимката се гледа дека условите за возење биле лоши, како и тоа дека на патот имало магла.
 
Видеото го снимил совозачот на „аудито R8 GT“, додека возачот возел со 320 километри на час.
 
Во еден момент „аудито“ почнува да ги претекнува камионите и возилата во лентата за застанување. Набрзо потоа на видеото се гледа како патникот и возачот загинале во судар, а нивните тела биле на патот неколку десетина метри од возилтото.
 
На видеото може да се види и предниот дел од „аудито“, целосно уништено, а може да се примети дека возилото немало регистарски таблици.