Балкан
5. September 2018 - 11:25

Распад на системот: Албанците во хаос - Харадинај го руши диајлогот со Белград позади грб - повеќе немаат поддршка од светските сили за прашањето со Косово

Косовскиот претседател покажа дека сака да постигне компромисно решение во врска си Косово и Метохија, што ова тамошниот премиер и екипата околу него не му се допаѓа, па го саботира на сите начини, се најавуваат и протести, пишуваат српските медиуми. 
 
Во Косово настана општ политички хаос пред средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи во петок во Брисел. 
 
Имено, косовската влада со Рамуш Харадинај на чело, но и опозицијата прават се што е можно да се прекинат преговорите. 
 
Недоразбирањата во Косово  се поради тоа што Тачи на некој начин покажа дека сака да постигне компромисно решение со Белград, што останатиот дел од владата во Приштина  не сака, оценуваат српските аналитичари. 
 
Во косовскиот парламент вчера биле предвидени да се одржат две седници - една на барање на владата поради формирање на нови преговарачки групи со претседателот на владата Фатмир Љимај на чело, а другата на барање на опозицијата поради донесената резолуција со која Тачи би забранил на разговорите да се зборува за гранциите. Исто така се најавуваат и протести против Тачи. 
 
Со оваа акција несомнено имаат за цел да го тргнат Тачи од дигалогот бидејќи тој е едниствениот меѓу Албанците кој не ги прекина преговорите за разграничување или корекција на границите, сметаат српските аналитичари за српски Курир. 
 
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ за српски Курир вели дека сето тоа говоори дека Албанците се во паника од продолжување на разговорите бидејќи е јасно дека немаат повеќе недвосмислена поддршка од светските сили за решавање со Косово. 
 
Целта е, да се опструира преговарачкиот процес и да се спречи Вучиќ да се избори за српските интереси. 
 
- Дел од приштинската влада  и опозицијата сака да го тргнат Тачи од дијалогот, Сите таму се залажуваат против било какви разграничувања или постигнувања на компромиси, се закануваат со немири. Единствениот меѓу нив кој категорички не ги одби преговорите за разните предлози, па и корекции на границите е Тачи, наведува Дачиќ.