Свет
18. August 2016 - 11:59

Расната нееднаквост во Британија продолжува да се вкоренува

Црнечката популација и етничките малцинства во Велика Британија и понатаму се соочуваат со вкоренетата расна нееднаквост во многу области, вклучувајќи ги образованието и здравството, покажува најновиот извештај на Комисијата за еднаквост и човекови права.

При правењето на извештајот, биле испитувани и состојбите во вработувањето, домувањето, платите и заработувачката, како и во спроведувањето на правдата, при што е утврдено дека состојбите се алармантни.

Дипломци од црнечката заедница заработуваат, во просек, 23 отсто помалку од белците на нивна возраст и степен на образованст.

Истражувањето на Комисијата покажува дека невработеноста меѓу припадниците на етничките заедници во земјата е поголема, во однос на „белото мнозинство„ и на мнозинската британска популација.

Директорот на Комисијата Дејвид Исак, во изјвата за медиумите предупредува на , како што вели, загрижувачката комбинација од пост-брегзит растот на расната и верската омраза, со долгогодишната, систематска некоректност и расна нееднаквост.

Владата на премиерот Тереза Меј веќе соопшти дека е определена за спроведување на една вистинска социјална реформа во земјата, но директорот Исак забележува дека никој досега тоа го нема направено, иако многу пати било ветувано.

Во извештајот на Комисијата се посочува дека припадниците на црнечката заедница за повеќе од три пати е поверојатно оти ќе бидат жртви на насилство и убиство, отколку било кој од белото мнозинство.

Припадниците на разните етнички заедници се повеќе жртви на сиромаштијата, отколку другите, а исто така се и помалку застапени во раководствата на полицијата или во судството.