-->
-->
Раскол во руската опозиција поради порно филмот на поранешниот премиер!
-->
Предизборната кампања се уште не е почната, а меѓу членовите на руската опозиција која себеси се нарекува Демократска коалиција, веќе дошло до раскол.
Алексеј Навални, член на помладото и агресивно крило на коалицијата, го обвини поранешниот руски премиер Михаил Касјанов (58), дека го расипува угледот на кампањата.
Во последните неколку месеци, Касјанов е под притисок и постојани напади. Во еден ресторан во Москва, група Чеченци му фрлија торта во лице, а после тоа на телевизија беше пуштена секс снимка меѓу него и неговата љубовничка Наталија Пелевин, добро позната активистка која со години ја критикува владата на Путин.
Демократката коалиција во Русија се состоела од шест помлади партии, но по спорните снимки, таа е пред распад.
Коалиционите партии се сложиле дека после секс снимката Михаил не може да биде носител на листата.
Потпретседателот Константин Парнас Мерзликин го брани Михаил и тврди дека објавувањето на филмот треба да ја обедини опозицијата, бидејќи целта на власта е да предизвика раскол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела