Раскинала со дечкото па пијана платила на таксист да ја снима на мост: Скокнала во смрт, а тој не направил ништо!
Осумнаесетгодишната Нитаја Савасдиван од Бангкок извршила самоубиство скокајќи од мост.
Нитаја пред смртта запрела такси во центарот на градот, потоа од возачот побарала да ја оведе до мостот, па му кажала да ја вклучи камерата на мобилниот телефон.
Девојката како што се гледа на видеото, а и како што утврдила истрагата била во пијана состојба. Таа пиела алкохол а откако го испила платила на таксистот да ја снима како пее популарна тајландска песна за разделба.
Таксистот ниту ги одбил парите ниту се обидел да ја запре девојката во намерата да се убие. На полицијата кажал дека не можел да претпостави дека таа навистина ќе се самоубие.
Откако скокнала од мостот, таксистот околу 2 часот наутро по нејзиното упатство ја објавил снимката на Фејсбук. Речната патрола го пронашла телото на девојката утрото, но сепак не успеале да утврдат за кого се работи.
Полицијата во Бангкок сепак дошла до снимката и ја споредила со времето на смртта на девојката, ги проверила нејзините лични пдоатоци и гардеробата на снимката, па така дошла до заклучок дека се работи за Нитаја. Се воспоставило дека таа е полнолетна девојка која си го одземала животот по разделба со нејзиното момче во состојба на депресија и пијанство.
Такстот е приведен и испрашан во полиција. Не е познато дали е уапсен поради тоа што очигледно е дека можел да и помогне на девојката.
Законот во Тајланд предвидува казна затвор од еден месец и парична казна за секој кој може да спречи самоубиство.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка