-->
-->
Рашфорд: Имаме огромни амбиции, можеме да играме уште подобро
-->
Маркус Рашфорд го пофали англискиот национален тим по синоќешната победа над Велс (3:0) и пласманот во нокаут фазата на Светското првенство.
– Бевме малку разочарани по натпреварот со САД (0:0). Мислам дека можевме да одиграме многу подобро, па затоа беше важно да прикажеме добра игра на следниот натпревар. Во првото полувреме добро се браневме, само требаше да ги реализираме шансите и рано да ја убиеме играта. Драго ми е што стигнавме во следната рунда, имаме огромни амбиции. Мислам дека можеме да играме уште подобро, изјави англискиот напаѓач, кој беше двоен стрелец на овој меч.
Во осминафиналето на Мундијалот во Катар, Англија на 4 декември ќе игра со Сенегал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вечерва СДСМ носи одлуки по лидерската средба со Мицкоски
-
Воздухопловниот винг прослави 31 година од основањето
-
СЗО: Нема потврден случај на колера, но има патоген агенс во поплавениот регион Херсон
-
Што остави синоќешното силно невреме во Делчево?
-
Тема на денот со Даниелa Димитриевска, ескпертка за женски права
-
Ѓоковиќ го совлада Алкараз и се пласираше во ново финале на Роланд Гарос
-
Вечерва СДСМ носи одлуки по лидерската средба со Мицкоски
-
Во живо од Делчево: Што остави синоќешното силно невреме?