-->
-->
Рашфорд: Имаме огромни амбиции, можеме да играме уште подобро
-->
Маркус Рашфорд го пофали англискиот национален тим по синоќешната победа над Велс (3:0) и пласманот во нокаут фазата на Светското првенство.
– Бевме малку разочарани по натпреварот со САД (0:0). Мислам дека можевме да одиграме многу подобро, па затоа беше важно да прикажеме добра игра на следниот натпревар. Во првото полувреме добро се браневме, само требаше да ги реализираме шансите и рано да ја убиеме играта. Драго ми е што стигнавме во следната рунда, имаме огромни амбиции. Мислам дека можеме да играме уште подобро, изјави англискиот напаѓач, кој беше двоен стрелец на овој меч.
Во осминафиналето на Мундијалот во Катар, Англија на 4 декември ќе игра со Сенегал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СПМ: Бранејќи ја законитоста Уставниот суд всушност создаде конфузија и револт кај најголемиот дел од населението
-
Македонската Кик бокс Маи Таи федерација отпатува за Белград на Европскиот куп СРБИЈА ОПЕН
-
Битола: Уапсени пет лица - земале ќеси со марихуана од фабрика за производство на медицински канабис
-
Тешко повреден возач откако со „цитроен“ излетал од патот
-
Грк пронајден починат во стан во Карпош
-
Во фурна во Чаир почина 48 годишен работник
-
Парична казна за тетовец поради „Фејсбук“ објава против поранешната американска амбасадорка
-
Ковачевски: Нема поголема глупост од границите на Балканот