Рапидно зголемување на невработеноста во Турција
Бројот на невработени во Турција се зголеми во јануари до речиси 10-годишен врв од 14,7 отсто, што е јасен доказ дека се подлабоката економска рецесија се одразува негативно и на пазарот на трудот во земјата.
Бројот на невработените Турци се зголеми во јануари 2019-та година од 1,259 милиони на 4,668 милиони во однос на почетокот на претходната година, и со тоа нивото на невработеност скокна до речиси 10-годишен врв од 14,7 отсто во однос на 10,8 отсто една година порано и во споредба со 13,5 отсто во декември 2018 година.
Невработеноста кај младите (на возраст меѓу 15 и 24 години), се зголеми во изминатите 12 месеци до јануари од 6,8 отсто до 26,7 отсто, а невработеноста кај луѓето на возраст меѓу 15 и 64 години се зголеми од 3,9 отсто на 15 отсто.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто