Тенис
16. August 2017 - 12:06

Раониќ го пропушта турнирот во Синсинати

Раониќ се повлече од мастерсот во Синсинати


 

Раониќ се повлече од мастерсот во Синсинати

Милош Раониќ го откажа настапот на мастерс-турнирот во Синсинати. Канаѓанецот е седмиот тенисер од најдобрите десет на АТП-листата кој нема да настапи во Синсинати.

Роџер Федерер и Кеи Нишикори го откажаа учеството во понеделникот поради повреди.

Претходно од турнирот се повлекоа Енди Мареј, Стен Вавринка и бранителот на титулата, Марин Чилиќ, а Новак Ѓоковиќ веќе ја заврши сезоната.