Македонија
15. April 2019 - 9:11

Рано утринава беснееше пожар во Кавадарци - изгоре семејна куќа

Избувна пожар во куќа во Кавадарци, рано изутрина во 03.30 часот, избегнати се поголеми штети, како и зафаќање на соседните објекти.

-Благодарение на интервенцијата на кавадаречките пожарникари и помошта од сограѓани, пожарот беше локализиран, велат очевидци за МИА.

Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, информираат дека интервенирале околу час и половина со четири возила и десет пожарникари. Борбата со пламените јазици не била едноставна, бидејќи во тој дел на градот куќите се стари и лепенки една со друга. Дополнителен проблем бил тешко пристапниот терен во тесната уличка “Тошо Велков -Пепето”.