Балкан
11. April 2018 - 21:38

Раните на малиот Марко уште крварат: Во ист ден остана без мајка, татко, брат и сестра

На денешен ден малиот Марко Вучиниќ од Србија остана без мајка, татко, брат, сестра и стрина, кога тие со автомобилот влетаа во река.

Денес по 4 години раните на Марко сеуште крварат, а тој секој ден ја посетува семејната куќа. Мештаните велат дека е мирно и храбро момче кое не пуштило солза.

Трагедијата се случи на 11. април 2014 година. 

Малото момче го зема неговиот братучед, кој му ја отвори вратата од својата куќа.