-->
-->
Раниери замина, доаѓа Хидинк
-->
Секогаш кога на некоја екипа и треба екстра опоравок тука е холандскиот стратег Гус Хидинк кој се споменува како нов тренер шампионот на Англија – Лестер, соопштува локалниот весник „Тајмс“, повикувајќи се на свои неименувани извори.
Холандскиот стручњак не е заинтересиран за долгорочно враќање кон тренерската професија, но е подготвен да му помогне на Лестер да се спаси од испаѓање и да ја преземе привремено функцијата до крајот на сезоната. Во идентични ситуации Хидинк два пати го води Челзи.
Лестер бара нов тренер откако изненадувачки го разреши Клаудио Раниери, кој само пред 9 месеци ги изведе „лисиците“ до историска прва титула во Англија.
Во моментов привремено на чело на тимот е поранешниот помошник на Италијанецот – Крег Шекспир, кој ќе го изведе тимот во денешниот домашен дуел против Ливерпул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња