-->
-->
Рането момче итно пренесено на Ургентно
-->
Вчера околу 20 часот и 45 минути во Градската општа болница Свети “Наум Охридски“-Скопје, 23- годишниот И.Д од село Цветово бил примен со убодна рана во пределот на десната слабина и истиот по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.
И.Д. бил донесен од страна на неговиот братучед 21- годишниот С.Д. кој изјавил дека околу 20 часот и 30 минути додека се движел со возило заедно со повредениот по улица “Чаирска“, И.Д. побарал да застане зошто сакал да се види со некое лице.
Откако излегол од возилото, се оддалечил и за кратко време се вратил со убодна рана по што веднаш се упатиле во Градската Општа Болница Свети “Наум Охридски“.
СВР-Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк