Свет
3. August 2016 - 9:53

Рамзан Кадиров регистриран за претседателски кандидат за изборите во Чеченија

Вршителот на должноста претседател на Чеченија, руската република во северен Кавказ,Рамзан Кадиров, на Инстаграм напиша дека Изборната комисија на Чеченија го регистрирала како кандидат за претседателските избори, јави ТАСС. 

- Пред нас се многу задачи. Јас сум сигурен дека нашиот тим ќе ја оправда дадената доверба и ќе продолжи да го следи она што го започна Ахмад Хаџи Кадиров, првиот претседател на Чеченија и херојот на Русија, напиша Кадиров на социјалната мрежа. 

Руската агенција наведува дека изборите за претседател на Чеченија ќе се одржат на 18 септември.