Балкан
31. January 2017 - 16:05

Рамуш Харадинај утре пред судот во Колмар

Поранешниот хашки обвинет и претседател на Алијанса за иднина на Косово, Рамуш Харадинај утре ќе се најде пред француски суд во Колмар.

Харадинај посочи дека верува оти судот следната недела ќе го доведе до крај неговиот случај и ќе му овозможи враќање на Косово.

– Досега чекавме предмет од Србија. Судот ме повика утре да се јавам во Колмар каде е предадено обвинението од Србија. Веднаш ќе побарам рочиште за разгледување на предметот, ќе ги отфрлиме обвинувања и нивото барање за екстрадиција, што е политички мотивирано, истакна Харадинај.

Тој во моментно се наоѓа на условна слобода до одлуката за испорачување во Србија.