Рамуш Харадинај се откажа од пратеничкиот мандат
Лидерот на опозициска Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај денеска изјави дека се откажува од пратеничкиот мандат и оти нема повеќе да се врати во косовскиот Парламент.
Тој наведе дека Парламентот сега се претворил во место каде се крши Уставот, каде полицијата малтретира пратеници и насилно ги отстранува и затоа одлучил да се откаже од мандатот.
- По денешниот ден сметан дека косовското Собрание не е демократска институција и не се гледам себе си како дел од него, посочи Харадинај, додавајќи оти ќе ја продолжи политичката активност вон Парламентот.
Како што јави допсиникот на МИА, тој наведе уште дека како пратеник се обидувал да ја подигне на повисоко ниво неговата сериозна загриженост за прашања од интерес на земјата, вклучувајќи ги и како што нагласи, „грешките кои се прават со потпишувањето на двата спорни договора“, оној за демаркација на границата со Црна Гора и за формирање Заедницата на српските општини.
- Наместо да го прифатат тоа, бев игнориран од узурпаторите на власта и на Парламенот. Токму поради таа игнорација и екстремната неодговорност на власта на оваа земја, единствен пат на моето делување како пратеник, остана логиката на отпор со солзавец, наведува Харадинај.
По оставката на Харадинај, дел од медиумите наведуваат дека на ваков чекор веќе се подготвуваат и други пратеници.
Седницата на косовскиот Парламент утрово беше прекината поради солзавец активиран од опозицијата, а попладнето обезбедувањето не пушти 18 опозициски пратеници да се вратат на седница. Полицијата приведе тројца опозициски пратеници, кои се судирија со обезбедувањето.
Во меѓувреме пред зградата на косовскиот Парламент имаше протести на приврзаниците на опозицијата, а полициски кордон ја обезбедува зградата.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот