Балкан
5. November 2015 - 15:05

Рамуш Харадинај најави протести

Лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека со лидерите на другите две опозициски партии Самоопределување и Иницијатива за Косово донесена е одлука за организирање на протести во ноември.

Харадинај вчера се сретна со лидерот на Самоопределување Висар Имери и со лидерот на Иницијатива за Косово Фатмир Љимај.

Харадинај посочи дека нема место за расправа се додека не се поништат договорите за Заедницата на српски општини и за демаркација на границата со Црна Гора.

Тој и не ја исклучи можноста од влегување на  Алијанса за иднината на Косово во владејачката коалиција „ако нема друго решение, тогаш ќе мораме да одиме на предвремени избори“.