Македонија
25. August 2019 - 16:45

Рампите за стариот дел од градот ги налутија охриѓани

Жителите од стариот дел на градот се закануваат со граѓанска непослушност доколку не се отстранат рампите.

Тие велат дека не се должни да плаќаат за влез во сопствениот дом.

Во екот на сезоната според нив се создава вистински сообраќаен хаос автобусите кои носат туристи создаваат огромни колони а проблем претставуваат и такси превозниците така што во повеќе наврати имало и инциденти .

Варошани велат дека дека  ограничено им е движњето доколку сака некој да им дојде на гости тие ќе треба да стојат на рампите за да ги пречекуваат  и испраќаат.

Градоначалникот Георгиески смета дека со 24 часовен видео надзор кај Горна порта и Каменско и физичко присуство на луѓе се регулира сообраќајот во стариот дел на градот.

Локалната власт неодамна на неколку локации постави рампи за регулирање на сообраќајот во центарот на Охрид и стариот дел на градот, но таквата одлука наиде на отпор и негативни реакции кај  дел од граѓаните.