Македонија
18. April 2016 - 14:22

Рамнење на селските патишта и улици во Василево

Во општина Василево од денеска  до крајот на неделава ќе се изврши рамнење на селските патишта и улици.

- Механизацијата почна активности за рамнење на улицата во Василево која води кон големото фудбалско игралиште, информираат од Општината.

Освен порамнување на просторот, градежната компанија „Џови компани“ врши и проширување за подобар пристап на земјоделската механизација кон нивите.

- Рамнењето на селските патишта и улици е планирано со Програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2016 година и се финансира со средства од Буџетот на општина Василево. Овие денови во Василево ќе се работи и на другите патишта, односно секаде каде што има потреба, изјави градоначалникот на Василево, Ванчо Стојанов.