Македонија
6. јуни 2019 - 16:45

Рамазанска баклава за битолчани во Старата чаршија

Денеска во Старата битолска чаршија се јадеше баклава. Припадниците од исламска вероисповед, но и случајните минувачи и околните дуќаџии беа почестени со традиционална бајрамска баклава. Битолското муфтиство ова го организира четврта година по ред, со цел да го прослават празникот Рамазан Бајрам и на тој начин да покажат дека Битола е градот на соживотот.

-Супер е гестот, честит Бајрам на сите што го слават. Убаво е, добро за соживот, за градот е позитивно, велат битолчани.

Почестувањето на еден човек значи дека го цениш и почитуваш, вели битолскиот муфтија.

-Одлучивме оваа убавина што ја имаме во нашите домови, во нашата вера да ја споделиме овдека и во Старат битолска чарштија каде кружат голем број граѓани, без разлика на верска, национална исповед, сите граѓани, еснафот, чаршијата, институциите, јавните претпријатија, пријателите. Ние ова го правиме неколку години, со една и единствена цел да покажеме во градот и пошироко дека треба да живееме заедно и дека празниците, верата е причина која нас не зближува сите заедно да продолжиме да живееме во оваа држава, изјави АМИТ РАСИМИ, БИТОЛСКИ МУФТИЈА.

За празникот, муфтиството ги почести битолчани со 550 парчиња баклава.