Балкан
17. October 2016 - 18:09

Рама: Србија и Албанија треба да се свртат една кон друга

По посета на Србија, албанскиот премиер Еди Рама истакна дека албанската Влада е цврста во ставот дека двете земји треба да се свртат една кон друга и да ги надминат пречките од минатото, јави албанската агенција АТА. 

Во соопштение објавено на социјалните мрежи Рама подвлекува дека Албанија не може да стои на едно место, туку треба да се ослободи од минатото.

- За нас опцијата е или да се држиме подалеку ид Србите, вртејќи си го грбот, и сами да се исправиме пред тешкотиите на малите пазари, или да се свртиме едни кон други од заемен интерес и да ги подобриме нашите економии и да ги решаваме проблемите во мир, посочи Рама.

„Ние Албанците не можеме да ја градиме нашата иднина без надминување на пречките од минатото. Иднината е во наши раце и поради тоа не треба да си ги врзуваме нозете со јажето на минатото“, изјави Рама.