Рама со протести пречекан во Фиер и Љушња
Албанскиот премиер, Еди Рама, кој присуствуваше на Нациналниот саем за вработување во градовите Фиер и Лушња, на пристигнување беше пречекан со протести.
Членови на Форумот на младите на Демократска партија и на Движењето за социјалистичка интеграција, носеа но и извикуваа пароли против Владата. На транспарентите кои ги држеа во раце пишуваше „Долу пашалаци на криминалот“ „Рама,Тахири,Џафај (е еднакво на) Албанија надвор од Европа“ „Мафијашка Влада“„Влада на дрогата“...
На простетите присуствуваа и граѓани и симпартизери на партиите.
Видно беше присуството на полицијата, при што одвреме навреме имаше и меѓусебно кошкање.
Како одговор кон учесниците на протестот премиерот Еди Рама иронично ги поздрави високо подигнувајќи два прста.
Ова не е првпат Рама да биде пречекан со протести при посета на градовите во земјата. Претходно со протест беше пречекан и во Елбасан, Церик и Балш, каде учесниците на протестот носеа транспаренти на кои покрај другото пишуваше и „Добре дојде паша на дрогата“ „Срам,срам“ „Рама оди си“.
Ново на Сител
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата