Балкан
1. April 2020 - 20:11

Рама: Првите 10 дена од април одлучувачки за состојбата со Ковид-19

Албанскиот премиер Еди Рама за телевизија „Ора њуз“ изјави дека првите 10 дена од овој месец ќе бидат одлучувачки за преземање дополнителни мерки против коронавирусот.

– Разговараме и кога ќе бидеме подготвени ќе го објавиме секој чекор што ќе се преземе понатаму. Прво, имаме 10 дена да ја следиме динамиката и овој период има голема тежина во дефинирањето на профилот на нашата војна. Задолжително е да се следат овие 10 дена во функција на можните и приближни предвидувања што можеме да ги направиме за тоа кога непријателот ќе започне да се повлекува, рече Рама.

На прашањето дали ќе има масовно тестирање на населението во наредните денови, одговори дека околу ова прашањето треба да одлучи Техничкиот комитет на експерти.

– Дискусијата за тестирање е глобална. Ние не сме Америка во ништо. Во овој случај, ние сме убедени дека нашиот технички комитет на експерти нема ништо помалку од кој било технички комитет во светот, дури и во Америка, ако сакате. Стратегијата за тестирање не ја одредувам јас, не ја определува Владата, ниту медиумите, туку Техничкиот комитет на експерти. Ќе постапиме како што ќе ослучат експертите, одговори Рама.

Тој посочи дека воведените мерки кои првично беше соопштено дека ќе траат до трети април албанската Влада одлучила да продолжат до крајот на пандемијата.

Во Албанија од Ковид-19 се заразени 259 лица, од нив излекувани се 67, додека починале 15 лица.