Македонија
23. јуни 2022 - 12:10

Рама објави „селфи“ со Ковачевски: Сè уште го чекаме Годо? Не, навикнати сме на оваа шарада

Се уште го чекате Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога било посветени сме да ја поттикнеме модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух, напиша на Твитер, албанскиот премиер Еди Рама, објавувајќи фотографија од него и од македонскиот премиер Димитар Ковачевски пред самитот на ЕУ- Западен Балкан.

Рама алудира на антидрамата Чекајќи го Годо од Семјуел Бекет во која има низа дејствија и дијалози кои не претставуваат ништо и се само празно губење на времето додека се чека нешто што нема да дојде.