-->
-->
Рама: Обединување на Косово и Албанија припаѓа на минатото
-->
Албанскиот премиер Еди Рама изрази уверување дека можноста за обединување на Албанија и Косово припаѓа на минатото, пренесе Танјуг.
Рама тоа го изјавил вчера во интервју за Ал Џазира запрашан за можно обединување на Косово и Албанија.
- Тоа никогаш не било наша цел, бидејќи силно верувам дека „голема Албанија“, „голема Србија“ или што било друго „големо“ е дел од мминатото. Тоа никогаш не било опција, тоа едноставно припаѓа на минатото, изјавил Рама.
На прашањето зошто за албанскиот премеир е важно Белград да ја признае независноста на Косово, Рама истакнал дека тоа е многу важно за луѓето, како за граѓаните на Албанија, така и за косовските Албанци и Срби, наведуваат косовски медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина