Балкан
15. August 2021 - 12:16

Рама: Нема да кажеме не на Америка, го прифативме барањето за сместување на стотици Авганистанци

Премиерот Еди Рама ја потврди информацијата дека Албанија го прифатила барањето на САД да згрижи Авганистанци, чии животи се загрозени од талибанците.

-Вистина е, да, дека последните денови американската влада побара од Албанија да процени дали може да послужи како транзитна земја за одреден број авганистански политички имигранти, чија крајна дестинација се САД. И неспорно нема да кажеме не, не само затоа што тоа го бараат нашите големи сојузници, туку затоа што ние сме Албанија! Албанија е дом на Албанецот кој ниту со Канун, ниту со Зако, ниту со Морал, ако сакате, не ја треска вратата пред непознати луѓе што тропаат за заштита. Ние не сме богати, но не сме ниту без меморија, ниту без обичаи, ниту без морал. Ова е моралната причина зошто пред да дојде барањето на американската влада, ние сме домаќини на две барања од две многу респектабилни социјални институции преку океанот, за да се оцени привременото засолниште во Албанија на неколку стотици луѓе, од интелектуални кругови и авганистански жени активисти, кои се меѓу првите на списоците на погубување на варварите во Авганистан, пишува Рама во подолгата објава на социјалните мрежи.
Тој потсетува на гостопримството на Албанија дека по барање на САД и сојузниците, згрижила неколку илјади Муџахедни, како и стотици илјади Косовци кои бегале од геноцидот на Милошевиќ.

-Албанизмот нема пославна историја за светот, отколку заштитата на Евреите за време на Втората светска војна. Никој не побара од нашите баби и дедовци да ги ризикуваат своите животи за да ги спасат Евреите, како што малкумина тоа го направија во Европа, проголтана од нацизмот. Тие го направија тоа. Без оглед на религијата. Некои од нив платија со живот, но ниту еден Евреин не им беше предаден на нацистите. Благодарение на нивната албанска чест, Албанија стана единствената земја во Европа што имаше повеќе Евреи по Втората светска војна отколку пред почетокот, наведува Рама.

Рама смета дека токму тој бил оној што изкажал загриженост на Самитот на НАТО за животите на Авганистанците, посочувајќи го како пример трагичното искуство на противниците на комунистичкиот режим во неговата земја.

Посочува дека на самитот рекол дека Албанија е подготвена да го преземе својот дел од товарот.

-Завчера беше пласирана веста дека Америка се обидува привремено да ги донесе во Албанија и Косово, сиротите Авганистанци, кои само затоа што застанаа во НАТО и им помогнаа на нашите војници во нивната мировна мисија, ризикуваат да бидат заклани како животни од Талибанците. Веднаш по излегувањето на веста, од вчера наутро, почна да се крева прашина на социјалните мрежи, со навреди и пцовки на нејзиниот основен албански јазик со 100 зборови – дури и оние напишани за ибрет – со кои се брани со огнот незнаењето за морето од Грк, копно од Србин, воздух од следниот имагинарен непријател, прикажувајќи го незнаењето, во име на наводен патриотизам исто како и Талибанците, кои сметаат дека другите, секој кој не мисли како нив, е непријател кој мора да биде истребен, осакатен и понижен, само затоа што тој ниту е слеп како нив, ниту се плаши од отровот на нивното каснување, напиша Рама.

Нагласува дека не е запознаен дали Американците побарале и од Косово да засолни Авганистанци и посакува, ако да, „владата на Косово да одговори позитивно, за нејзината чест и за Косово, се разбира”.