Балкан
2. March 2021 - 13:09

Рама ја прими пратката од Фајзер и најави нови количини и интензиивирање на вакцинацијата против Ковид-19

Во Албанија доцна синоќа, на меѓународниот аеродром, пристигна нова пратка од 15.210 вакцини од компанијата Фајзер, со што до сега пристигнати се 22.230 вакцини од догорените 500 илјади.

Премиерот Еди Рама по пристигнувањето од Брисел, ја прими пратката, заедно со министерката за здравство Огерта Манастирлиу и најави дека во април ќе пристигнат уште 30 илјади дози од Фајзер, со цел интензивна вакцинација.

-Денеска добивме потврда од Фајзер дека во април ќе добиеме 30 илјади дози, така што процесот го продолжуваме без прекин. Јас верувам дека многу скоро ќе имаме многу добри вести бидејќи ги потврдивме и првите 14 илјади дози на АстраЗенека преку Ковакс механизмот. Наскоро ќе имаме можност за интензивна вакцинација за да се прекине синџирот на инфекции, така што новата туристичка сезона ќе биде со драстично намалување на инфекциите и Албанија ќе биде отворена за сите кои сакаат да дојдат, изјави Рама.

Албанија со Ковакс има потпишано договор за 1.114.000 дози на вакцини за што се платени 3,9 милиони долари.

Во меѓувреме продолжува трендот на раст на починати и новозразени во земјата. Последно соопштените податоци, вчера регистрани се 764 нови случаи ли 30 отсто од тестраните 2.714, како и 20 починати пациенти. Висока е и бројката на активни на болеста, 35.702 од вкупно 107.931 позитивни случаи, додека починале 1.816 лица во болнички услови.

Просецот на имунизација против Ковид-19 во Албанија почна на 11 јануари и досега вакцинирани се околу 15 илјади, главно здравствени работници и лица постари од 80 години. Рама и Манастрлиу денеска беа во Драч за одблиску да се запознат со текот на овој процес.