Рама и Баша со меѓусебни обвинувања
Во услови на влошена епидемиолошка состојба со Ковид-19, не престануваат меѓусебните обвинувања на премиерот и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама и на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша.
Само претпладнево тие преку социјалните мрежи си разменија по неколку пораки преполни со обвиненија.
Баша обвинува за колапс во здравстениот систем, додавајќи дека Рама ја загубил контролата врз пандемијата иако беше најавуван втор. Тој бара итни мерки за спречување на катастрофа,зашто „ништо не е повредно од човечките животи“.
– Љуљзим Баша тврди дека ќе го запрел вториот бран. Па тој не може да го запре ниту неговиот сојузник во нејзината кампања за ширење на Ковид-19 (се однесува на лидерката на Движењето за социјалиситичка интеграција, Моника Круемади, која е против задолжителното носење масака на отворен простор). Па, полудеа, но зошто одеднаш, се прашува Рама.
Повторно со обвунувања се јави Баша.
– Ситуацијата се влошува. Поради Рама, луѓето чекаат со денови да бидат тестирани, немаат пари за лекови и остануваат болни дома. Здравствената и економската немоќ се грижа на секој Албанец денес. Но, наместо да дава пари за тестови, лекови и ублажување на сиромаштијата, Рама на ум има политички напади, продолжува да плаќа милиони за согорувачи на отпад и корумпирани тендери. Уште колку луѓе треба да умрат по вина на Рама?, возврати Баша.
Веднаш се јави Рама наведувајќи дека „отпадот нема да се врати во Тирана исто како и опозицијата што нема да се врати на власт“.
– Според Љуљзим, отпад треба да има на секоја улица во Тирана, за луѓето да не бидат засегнати од Ковид-19 и да можат да се лекуваат! Не, Љуљзим, отпадот не се враќа во Тирана, ниту пак опозицијата се враќа на власт со играта, дај глас, ДП ги носи Моника и Илир заедно!, напиша Рама.
Ваквите зачестени обвинувања помеѓу двајцата најголеми политички опоненти, во кои, според медумите и едниот и другиот сакаат да се покажат кој е поголем патриот, всушност е „почеток на борба за гласови“.
Ново на Сител
-
Во последните седум дена инспекциските служби спровдоа 4.817 надзори и контроли, затворени пет угостителски објекти
-
Кривична за тетовец кој во сопствено комбе превезувал повеќе патници отколку што е дозволено
-
Силна експлозија во центарот на Мадрид, има починати лица
-
Српското МВР собра докази дека Вучиќ бил нелегално прислушкуван
-
72 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 1023 пациенти, починати се 13 лица
-
Заев: Измените во законите за пасошите и личните карти важат за сите
-
Штипјанец уапсен за тешка кражба
-
Кривични пријави за 49 верници кои славеле Водици во Охрид