Рама: Годинава во Албанија родени 36.238 бебиња кои на семејствата им донеле бебешки бонус
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека во текот на оваа година се родени 36.238 бебиња, кои на „семејството му донеле бебешки бонус“.
Со владината програмата родителите на првородено дете добиваат бонус во износ од 40 илјади леки (325 евра), за второродено 80 илјади, а за третородено дете по 120 илјади леки. Доколку се близначиња, тројка или повеќе бебиња, секое добива по ист износ.
Рама, исто така, на објавата на Фејсбук наведе дека од почетокот со реализација на овој проект, јануари 2019 година, досега бонус добиле 108 илјади бебиња.
„Годинава бебешки бонус на своите семејства им донесоа 36.238 деца. Над 108 илјади деца родени од 2019 година, година кога почна универзалната владина програма, имаат корист од директната поддршка од програмата за социјална заштита. Со буџет за 2022 година ќе продолжи финансирањето на оваа програма за секое новороденче. Децата пред сè“, напиша Рама.
Бонус добиваат сите новороденчиња независно дали се родени во или надвор од земјата, кои се запишани во матичната книга на родените во Албанија.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто