Рама: ЕУ го изневери Заев

Албанскиот премиер Еди Рама гостувајќи во емисијата „Опинион“ на Клан телевизија, изјави дека настаните во Северна Македонија се различни со оние во Албанија и оти ЕУ го изневерила премиерот Зоран Заев.
– Во случајот на Заев е сосема подруго и во тој случај сите други би го сториле истото, затоа што од Заев беше побарано да го смени името на државата. А знаете ли што значи да се смени името на земјата? Тоа е исто како да го смениш името, па наместо Февзиу да те именуваат во Сами, вели Рама.
Тој уште еднаш го повори ставот дека по неуспехот со неотворањето на преговорите со ЕУ нема намера да поднесе оставка и додаде дека ќе си дадел оставка само доколку не ја завршел својата работа.
Рама одовори и на прашањето што му рекла германската канцеларка Ангела Меркел во врска со Уставниот суд, кој во Албанија не функционира речиси две години.
– Постојат луѓе кои велат како можеме да отвориме преговори со Албанија кога нема Уставен суд. На овие луѓе им кажав што баравме во Албанија, ги замоливме да направат реформа во правосудството. Ако треба да се отворат преговори, Албанија мора да го направи она што го баравме, му рекла Меркел на Рама.
Според него, успех е што Албанија нема Уставен суд „затоа што е исчистен од реформата во правосудството“.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија „Од слово до вечност“ во Охрид
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
