Ракомет
29. May 2018 - 12:52

Ракометната репрезентација се подготвува за двомечот со Романија

Македонската ракометна репрезентација во м.јуни ја очекуваат квалификациски дуели за ЕП со Романија.

Селекторот Раул Гонзалез по активностите во Лигата на шампионите со Вардар утринава во СРЦ Кале одржа тренинг на кој  се појавија Филип Лазаров, Мартин Поповски, Никола Митревски и Никола Маркоски. За утре е најавено доаѓањето на Немања Прибак и на Велко Маркоски. До крајот на неделата ќе се тренира еднаш во денот.