Ракомет
31. May 2016 - 15:37

Ракометната репрезентација под водство на Червар на собир на 2.јуни

Македонската ракометна репрезентација подготовките за бараж натпреварите за Светското првенство против Чешка ќе ги почне в четврток (2 јуни) во Скопје. Првиот собир ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ со почеток од 13 часот и 30 минути.
 
Селекторот Лино Червар за овие подготовки повика 28 ракометари.
 
Македонија ќе гостува на првиот натпревар на 11 јуни во Злин, додека реваншот е закажан за 15 јуни во Скопје. Подобриот од двомечот ќе обезбеди учество на Мундијалот во Франција 2017 година.