Ракомет
23. October 2018 - 17:49

Ракометна еуфорија во Битола

Во градот под Пелистер од вчера владее ракометна еуфорија поради враќањето на Кире Лазаров заедно со другарите од репрезентација . Најракометниот град и битолчани последен пат биле сведоци на репрезентативен натпревар во Битола далечната 2003-та кога во преполната сала "Младост" беше победена Унгарија со 33:31 подоцна недоволно за Македонија да се најде на Евро собирот 2004-та во Словенија . Овој пат Македонија повторно ќе биде домаќин во градот на конзулите само овој пат во новоименуваната и реновирана "Боро Чурлевски" спортска сала по повеќе од 15 години. Затоа на гостите од Турција не им смета фаворитската улога на домаќинот но им е мило што ќе го посетат градот во кој учел и се школувал таткото на модерна Турција , Мустафа Ќемал Ататурк.

Како и што се очекуваше дуелот помеѓу Македонија и Турција од квалификациите за Европско Првенство привлече големо внимание не само во ракометната јавност во Битола туку и од Скопје , Прилеп , Охрид , Струга . Затоа последните билети за натпреварот во четврток  се продадоа како алва утрово на Широк Сокак.