Ракомет
1. December 2018 - 19:54

Ракометарките преку Исланд на чекор до бараж за Мундијалот

 
Женската ракометна репрезентација на Македонија е на чекор до баражот за пласман на Светското првенство 2019 во Јапонија. 
 
Нашите ракометарки ја забележаа и втората победа на  квалификацискиот турнир од група 4 што се одржува во салата Борис Трајковски во Скопје.
 
По вчерашниот убедлив триумф над Азербејџан, вечерва нашите ракометарки, забележаа сигурна победа над Исланд, кој требаше да биде наш ривал за првото место. 
 
Избраничките на селекторот Симе Симески славеа со 29-21 откако првиот дел го добија со 16-10. 
 
Крилата, Ристовска со 9 и Саздовска со 7 постигнати голови беа нашите најефикасни ракометарки во вечерашниот меч со Исланд.
 
Сега на црвено-жолтите им преостанува уште утрешниот меч против Турција (од 20 часот), селекција која вечерва игра против Азербејџан.