Ракомет
1. October 2017 - 21:42

Ракометарките поразени од Србија

Женската ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз во квалификациите за ЕП 2018 година. Вечерва во СРЦ Кале Македонија загуби од Србија со 33:27. На полувреме нашата репрезентација имаше водство од 15:14.

Во првиот дел двете селекции често се менуваа во водство, а два гола предност беше највисоката. Во првото полувреме во составот на Македонија се повреди Јована Саздовска, единственото лево крило, па селекторот Симе Симовски мораше да игра со Александра Боризовска. 
На почетокот на вториот дел по предноста на Македонија, селекторот на Србија Обрадовиќ во 40.минута во игра во внесе „првиот голман“ Катарина Томашевиќ и селекцијата на Србија почна да ја прави предноста. Во тој период таа имаше неколку одбрани, а и нашите ракометарки погодина неколку стативи.
Најефикасни кај Македонија беа Ивана Гакидова и Теа Керамитчиева со по 6 голови, додека Катарина Крпеж од Србија постигна 9 голови.
Во нашата група Србија и Шведска имаат по 4 бодови, додека Македонија и Фарски Острови се без бодови. 
Следните два натпревара нашата селекција ги игра во март 2018 година против селекцијата на Фарски Острови.