Ракомет
29. March 2017 - 17:57

Ракометарките на Македонија во третиот „шешир“ за квалификациите за ЕП 2018

Женската ракометна репрезентација на Македонија е рангирана во третиот „шешир“ за извлекувањето на групите за квалификациите за Европското првенство што во 2018 година ќе се одржи во Франција. Покрај Македонија во овој „шешир“ се наоѓаат и селекциите на: Словачка, Словенија, Украина, Австрија, Белорусија и Турција.
Во првиот „шешир“ се наоѓаат селекциите на: Норвешка, Холандија, Романија, Данска, Шведска, Шпанија и Црна Гора, додека во вториот се: Русија, Германија, Полска, Унгарија, Србија, Чешка и Хрватска.
Во четвртиот „шешир“ се селекциите на: Италија, Исланд, Литванија, Португалија и Швајцарија, како и двете првопласирани селекции од групите од претквалификациите.
Извлекуваењето на групите ќе се одржи на 21.април во Париз. Репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи по четири селекции, а пласман на шампионатот ќе обезбедат двете првопласирани селекции од секоја група и најдоброрангираната трета репрезентација од седумте групи.
Директен пласман на ЕП има обезбедено само домаќинот Франција.