Loading Video...
Ракомет
23. September 2019 - 16:28

Ракометарките ги започнаа подготовките за новиот циклус квалификации

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ги започна мини подготовките за новиот циклус квалификации
 
Селекторот Симе Симовски, денес ја имаше првата прозивка, а потоа и тренинг со ракометарките кои се најдоа на неговиот список за квалификациите за Европското првенство кое догодина ќе се одржи во Данска и Норвешка.
 
Нашата репрезентација е во петата група во која за противнички ќе ги има селекциите на Шведска, Чешка и Португалија. 
 
Во овој квалификациски круг, нашите ракометарки ќе одиграат два натпревари. Првиот е веќе во четврток (19 часот) во Никобинг кога ќе им гостуваат на Швеѓанките.
 
Три дена подоцна (сабота – 29 септември од 16:30 часот), ќе следува и вториот меч и тоа во Скопје кога гостинки ќе бидат ракометарките од Чешка.