Македонија
27. July 2015 - 12:10

Ракометарката Робертина Мечевска по ужасната несреќа му се враќа на ракометот

Таа ва­жи за бо­рец на те­рен, ви­стин­ски про­фе­си­о­на­лец над­вор од те­ре­нот. По заз­дра­ву­ва­ње­то од па­дот од пет­ти кат од неј­зи­ни­от стан во скоп­ски Ае­ро­дром, стру­жан­ка­та, ко­ја е дел од ма­ке­дон­ска­та ра­ко­мет­на ре­пре­зен­та­ци­ја, е под­го­тве­на за но­ви ус­пе­си и за но­ви пре­диз­ви­ци. Ве­ли тоа што би­ло оста­ну­ва зад неа. Таа по­втор­но е во исти­от стан, бла­го­дар­на на Бо­га што сѐ уште има мож­ност да ужи­ва во жи­во­тот.  Актив­на е, под­го­тву­ва свој камп во Стру­га.

Ка­ко гле­даш на жи­во­тот по па­дот од пет­ти кат?

Ме­че­ска: Мно­гу по­у­ба­во. Се­га имам по­и­на­ков на­чин на гле­да­ње на жи­во­тот за­тоа што не­кол­ку па­ти ја гле­дав смрт­та в очи. Ко­га бев во бол­ни­ца имав те­шко­тии со ди­ше­ње­то, имав бол­ки, еден ме­сец бев во шок-со­ба. Мно­гу те­жок пер­и­од, не мо­жев да се по­ме­стам од ме­сто. По­тоа по­ми­нав две не­де­ли на од­де­ле­ние на тра­у­ма. Имав го­ле­ма под­др­шка од мај­ка ми, од мо­е­то мом­че, мо­ја­та при­ја­тел­ка Мил­ка. Имав под­др­шка од ме­ди­у­ми­те, од мно­гу при­ја­те­ли, слу­шав и чи­тав де­ка си­те се мо­ле­ле за ме­не. И од клу­бот Вар­дар, од ре­пре­зен­та­ци­ја. Го­ле­ма бе­ше под­др­шка­та за да би­дам де­нес тоа што сум, им бла­го­да­рам на си­те што беа со ме­не и што не­се­бич­но ја да­ваа љу­бо­вта за ме­не. Му бла­го­да­рам на це­ли­от ме­ди­цин­ски пер­со­нал во Скоп­је и во Стру­га. Јас це­ло вре­ме бев свес­на, освен пр­ви­те не­кол­ку де­на ко­га бев под се­да­ти­ви. Се гле­дав, зна­ев што се слу­чу­ва, раз­го­ва­рав, но имав го­ле­ми бол­ки. Нај­го­ле­ма бла­го­дар­ност до Бог што ме оста­ви да сум жи­ва и здра­ва, што се­га сум мно­гу по­сил­на, имам мно­гу по­го­ле­ма по­зи­тив­на енер­ги­ја, што гле­дам на жи­во­тот без те­шко­тии, ми­нор­ни се си­те проб­ле­ми. Нај­важ­но е што сум здра­ва. Ам­би­ци­оз­но вле­гу­вам во овој жи­вот што ми е поб­ли­ску до Бо­га отка­ко пад­нав. Са­кам да отво­рам ра­ко­мет­ни шко­ли, не са­мо  во Скоп­је, ту­ку и во Стру­га, Ва­лан­до­во, Охрид, Де­мир Ка­пи­ја, Вев­ча­ни, мо­же­би и во Ве­лес, во гра­до­ви ка­де што е за­по­ста­вен ра­ко­ме­тот. Ќе гле­дам да би­дам се­ка­де по мал­ку, ќе по­ста­вам тре­не­ри што се про­фе­со­ри по фи­зич­ко, ќе им да­вам про­гра­ма за ра­бо­та, а ко­га ќе мо­жам ќе ги по­се­ту­вам де­чи­ња­та.

По­и­на­ку гле­даш на ра­бо­ти­те, ги за­не­ма­ру­ваш проб­ле­ми­те и сфа­ќаш  де­ка не се тол­ку бит­ни во жи­во­тот, не зас­лу­жу­ва­ат вни­ма­ние.

Ме­че­ска: Се­ка­ко, во­оп­што не се оп­то­ва­ру­вам со ни­што.  Јас сум среќ­на што имав тол­ку мал­ку по­вре­ди, има­ше го­ле­ма ве­ро­јат­ност да би­дам ин­ва­лид ако оста­нев жи­ва. Но жи­ва сум, не сум ин­ва­лид, среќ­на сум, имам мно­гу пла­но­ви, су­пер ми е. Та­ка не­ка им би­де на си­те – не­ка не се оп­то­ва­ру­ва­ат со ни­што, тоа што би­ло по­ми­на­ло, се­кој има проб­ле­ми во жи­во­тот, но на нив тре­ба да гле­да­ме по­по­зи­тив­но. Сѐ мо­же да се слу­чи во жи­во­тот, но не­ма по­тре­ба од на­вра­ќа­ње на­на­зад. Сѐ мо­же да се ре­ши.

 

 

Извор: Република